Search

Уапсен дрвокрадец кој дрвата ги превезувал во автомобил без регистерски таблици

На регионалниот пат Тетово-Скопје, пред влезот во Ново Село, во поладневните часови на 11. ноември полициски службеници од Тетово запреле автомобил „опел астра“ без регистерски таблици, управуван од 62-годишник од скопското село Бојане.

Во автомобилот тој превезувал огревни дрва без потребните документи.

Како што информираат од МВР, автомобилот и дрвата биле одземени и предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка, додека 62-годишникот бил уапсен.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави