Search

Уапсен дилер на марихуана

Жител од струмичкото село Банско бил уапсен вчера откако полицијата кај него пронашла марихуана, семки од марихуана и метална дробилка.

Полицијата во 22,00 часот на регионалниот пат село Банско – месност Свидовичка раскрсница, сопрела автомобил „бмв“ со струмички регистарски ознаки
управувано од А.С.(23) од село Банско, струмичко. При преглед во возилото била пронајдена марихуана, семки од марихуана и метална дробилка.

Дилерот бил уапсен и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Треба да знаете
Последни објави