Search

Уапсен генерал на Армијата на БиХ поради воени злосторства во 1995

Во акција на СИПА утрово е уапсен генералот на Армијата на Република Босна и Херцеговина, Рамиз Дрековиќ, обвинет за командна одговорост за воени злосторства направени на подрачјето на Калиновик во 1995 година, објави „Дневник.хр“.

Како што пренесува „Дневник.хр“, припадници на СИПА го привеле генералот Дрековиќ по наредба на обвинителството на БиХ, кое го товари за неселективно гранатирање на општината Калиновик, кога загинало едно дете, а пет лица биле повредени.

Дрековиќ ја почнал својата војничка кариера во поранешната ЈНА во Бјеловар во 1991 година, па се враќа во БиХ, во Бихаќ, каде што ѝ се става на располагање на Патриотската лига. Потоа преминува во Центарот на службата за безбедност во Бихаќ, каде што работи како инспектор за одбранбени подготовки, до почетокот на војната работи на организација на отпорот, пишува „Дневни аваз“.

Треба да знаете
Последни објави