Search

Уапсен вооружен Албанец кој ограбувал куќи во Гостивар

Полицијата уапсила државјанин на Албанија осомничен дека вршел кражби во Гостивар, информираше МВР.

-На 19.11.2018 година во периодот од 14.00 до 16.15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во работилница на улица 18 Ноември во Гостивар, сопственост на М.Г.(68). Притоа, во работилницата бил затекнат Р.К.(30)  од Република Албанија, кој бил лишен од слобода поради постоење основи на сомение за  извршени повеќе кривични дела кражба и поседување огнено оружје, како и други кривични дела, велат од МВР.

При претресот биле пронајдени една автоматска пушка без рамка, една рамка за автоматска пушка со 24 куршуми калибар  7.62 милиметри, една рамка за пиштол со четири куршуми, еден пиштол без рамка. Освен оружјето во работилницата биле пронајдени девет мобилни телефони, две дигитални камери, осум рачни часовници, бижутерија и други предмети кои Р.К. ги украл. Сите пронајдени предмети биле одземени и дадени на вештачење.

Албанецот по претресот бил уапсен и задржан во полициска станица. Исто така, поради сомнение дека заедно со Р.К. ги извршувал кражбите, во ПС Гостивар бил приведен И.А.(26) од Гостивар.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави