Search

Уапсен бегалец во Германија благодарение на рој иритирани оси

Германската полиција уапси бегалец денес благодарение на рој оси.

Олденбуршката полиција соопшти дека денес се случила необична операција во обид да се уапси 32-годишен маж, кој требало да издржува единаесетмесечна затворска казна.

Осомничениот, чие име не е објавено, избегал од полицијата скокајќи од балконот на станот директно во гнездо од оси, пренесува АП.

Иритираните инсекти го нападнале човекот поради што тој побегнал на улица. Полицајците се обиделе да стигнат до него, но и нив ги нападнале оси.

Така, осомничениот успеал да се ослободи од полицијата, но не и од осите. За да избега, тој скокнал во блискиот базен, каде што на крајот бил уапсен.

Треба да знаете
Последни објави