Search

Уапсен Арачиновец кој убил соселанец поради расправија за добитокот

Полицијата приведе арачиновец поради убиство извршено во селото Мојанци. Тој го убил соселанецот поради банална расправија околу напасувањето на добитокот.

Секторот за внатрешни работи Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје го предаде Б.Р.(28) од селото Арачиново поради убиство кое го извршил на 18.08.2019 околу 17.20 часот, на ул.„21“ бр.152 во селото Мојанци.

Според полициајта, тој поради меѓуфамилијарно нетрпение, со огнено оружје му нанел тешка телесна повреда на З.А.(30) од селото Арачиново, кој на 9.09.2019 починал како последица на нанесената повреда.

„На 18.08.2019 околу 16 часот во с.Мојанци, А.А., брат на починатиот З.А., по кратка вербална расправија околу напасувањето на добитокот, физички го нападнал А.З., татко на пријавениот и му нанел тешка телесна повреда. Подоцна, околу 17.20 часот, на ул.„21“ бр.152 с.Мојанци, Б.Р. кон З.А. испукал неколку куршуми од огнено оружје. По преземени мерки, Б.Р. е приведен и предаден на ОЈО Скопје, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор“, соопшти МВР.

Треба да знаете
Последни објави