Search

Уапсени 70 лица на протестите за климатските промени во Лондон

Британската полиција денеска соопшти дека уапсила над 70 лица, откако стотици демонстранти ги блокираа главните мостови во центарот на Лондон, барајќи од британската Влада сериозно да работи на климатските промени.

Учесниците на протестите носат транспаренти на кои е напишано „За живот на сите на земјата”, „Климатски промени/масовно убиство”, како и „Спиеме додека нашата планета цвили”.

Британската полиција наведе дека лицата се упасени главно поради нарушување на сообраќајот.

Треба да знаете
Последни објави