Search

Уапсени 26 лица кои не го почитувале полицискиот час, 107 добиле опомени

Во текот на изминатото деноноќие (23/24.03) во врска со забраната за движење во периодот од 21,00 до 05,00 часот, на целата територија на земјава, евидентирано е дека забраната не ја почитувале 133 лица, најмногу во Скопје (44), при што биле приведени 26 лица, против 33 лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, за тројца – прекршочни пријави, додека пак 71 лице се опоменати.

Покрај ова, во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени 152 контроли во угостителски и други објекти при што само во еден случај (угостителски објект во Охрид) било евидентирано непочитување на мерките на владата, а објектот е затворен.

Севкупно во периодот од 26.02. до денес 24.03 издадени се 1.105 решенија за изолација додека пак 8.709 лица потпишале изјави за самоизолација .

 

 

Треба да знаете
Последни објави