Search

Уапсени 23 лица кои илегално внесле околу 10.000 мигранти во Велика Британија

Во Франција и во Холандија уапсени се 23 лица осомничени за криумчарење на околу 10.000 мигранти кои во ладилници биле транспортирани во Велика Британија.

Ирачко-курдската мрежа криумчари на луѓе беше разбиена од француската погранична полиција во соработка со француската и холандската полиција со поддршка од Европол и Евроџаст.

– За време на претресот на повеќе локации полицијата пронашла илегални мигранти, кои се одведени на сигурно место, соопшти Европол.

Во Франција уапсени се 19, а во Холандија четири лица, додека во петте рации одземена се оружје и возила.

Мигрантите плаќале по 7.000 евра за опасното патување во пренатрупаните камиони ладилници. Уплатите се вршеле преку тајниот банкарски систем „хавала”, со кој управувал осомничен од Холандија.

Постои сомневање дека криминалната група преку незаконски активности се стекнала со околу 70 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави