Search

Уапсени 185 лица за подметнување пожари во Индонезија

Полицијата уапси 185 лица осомничени за подметнување шумски пожари поради кои се шири густ и штетен чад низ југоисточна Азија.

Портпаролот на националната полиција рече дека обвинителството минатата недела официјално поднело кривични пријави против 23 лица, а 45 лица требало да излезат на суд подоцна овој месец.

Полицијата сè уште истражува други случаи.

Портпаролот рече дека на осомничените може да им се суди според законот за животна средина, кој предвидува максимална казна од десет години затвор за подметнување пожар.

Треба да знаете
Последни објави