Search

Уапсени 13 лица после пожарот во близина на мигрантски камп на Самос

Вкупно 13 лица се уапсени на грчкиот остров Самос по пожарот кој загрози камп за мигранти, соопшти денеска локалната полиција, само неколку дена по разорниот пожар во кој изгоре најголемиот камп во Европа. Мориа, на островот Лезбос.

– Истражуваме можна вмешаност на овие осомничени во инцидентот, изјави полициски службеник од Самос, но не сакаше да ја прецизира националноста на осомничените.

Пожарот избувна доцна синоќа во шумскиот дел на Самос, во близина на камп за мигранти, но пожарникарите успеаја да го совладаат.

Ноќта меѓу 8 и 9 септември изгоре кампот Мориа, во кој беа сместени 12.000 мигранти. Полицијата уапси шест мигранти.

Треба да знаете
Последни објави