Search

Уапсени шест ултрадесничари, подготвувале напад врз Макрон

Француските безбедносни служби уапсија шест лица во рамки на прелиминарната истрага под сомнеж дека планирале напад врз претседателот на Франција Емануел Макрон, информира извор близок на истрагата.

Изворот наведува дека уапсените се осомничени дека имале „непрецизен и недоволно разработен” план за извршување „насилни акции” врз Макрон.

Францускиот канал БФМ ТВ претходно објави дека се уапсени шест припадници на француската ултрадесница во рамки на истрагата заради закана упатена кон претседателот на државата.

Треба да знаете
Последни објави