Search

Уапсени шверцери и пронајдени илегалци во Австрија

Во заедничката полициска акција под раководство на Фронтекс во Австрија се уапсени 12 шверцери на луѓе и 95 мигранти кои ги користеле услугите на шверцерите.

Во акцијата во која учествуваа 12 европски земји, како и Интерпол и Еуропол, беа уапсени вкупно 26 шверцери и 2.760 нелегални мигранти, објави криминалистичката служба на Австрија.

Притоа беше спречен влезот на 1.714 мигранти во европските земји и беа откриени 92 фалсификувани патни исправи.

Шверцерите се претежно од Балканот, од Србија или од Босна, велат австриските власти, додавајќи дека и Авганистанците, Ирачаните и Иранците сè повеќе ги префрлуваат илегалците.

Најголем број шверцувани лица потекнуваат од Авганистан, Бангладеш, Иран, Индија и Турција.

Треба да знаете
Последни објави