Search

Уапсени скопски дилери на кокаин, екстази и хашиш

Секторот за внатрешни работи Скопје – единица за недозволена трговија уапси две лица од Скопје поради недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

По издадените наредби од Основниот суд Скопје 1 Скопје, биле извршени претреси во домовите на двете лица.

„При претресот кај едниот биле пронајдени околу 200 грама хероин, околу 500 грама марихуана, околу 20 грама кокаин, околу 100 грама хашиш, 10 таблети „екстази“, како и четири дигитални ваги, пиштол „екол“ со рамка, револвер, 20-ина куршуми во разновиден калибар, повеќе СИМ-картички, панцири, фантомки и лисици.

Во вториот претрес кај другото лице се пронајден еден пушкомитралез и марихуана“ соопшти МВР.

По целосно документирање, против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Треба да знаете
Последни објави