Search

Уапсени половина од сообраќајните полицајци на Малта поради лажирање на прекувремена работа

Поради малверзации со прекувремена работа уапсени се повеќе од половина сообраќајни полицајци на Малта. Поради тоа надлежните мораа да изработат план за вонредна ситуација, за да се обезбеди доволен број сообраќајци на улиците на Малта, пренесе Ројтерс.

Полицијата соопшти дека Управата за економски криминал испитала 30 од педесет сообраќајни полицајци, колку што брои единицата, поради обвиненија дека запишувале лажни прекувремени часови во изминатите три години.

Неколку полицајци се соочуваат со обвиненија дека земале бензин и го користеле за приватни потреби. Извори од полицијата велат дека од некои поранешни полицајци било побарано да се вратат на старите должности.

Премиерот на Малта, Роберт Абела исткна дека е добро полицијата да ги истражува своите службеници.

Треба да знаете
Последни објави