Search

Уапсени дилери на марихуана

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 24.08.2019 на улица „Народна револуција” во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.А.(37) од с.Шипковица, тетовско и против Ф.Ш.(27) од с.Чегране, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На ул.„Беличица” во Гостивар полициски службеници, при извршен преглед, кај пријавените пронашле и одзеле марихуана.

Треба да знаете
Последни објави