Search

Уапсени двајца кумановци со кеса марихуана

Двајца кумановци биле уапсени откако кај нив била пронајдена кеса со марихуана, вчера во близина на Куманово, информира полицијата.

Според полицијата, вчера во 15.30 часот на локалниот пат од Куманово кон село Речица, била извршена контрола и претрес во автомобил „бмв“ , сопственост на Б.Н.(61) од Скопје.

Возилото го  управувл С.М. (23), а К.А. (25) бил сопатник, двајцата од Куманово.

Во автомобилот била пронајдена кеса со марихуана. Двајцата биле приведени во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави