Search

Уапсени двајца дилери на хероин во Тетово

На 31.03.2020 околу 14.15 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Љ.(39) од Тетово и Т.Р.(44) од Гостивар, затоа што при преглед кај нив се пронајдени хероин, дигитална вага и алуминиумска цевка со остатоци од хероин.

Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави