Search

Уапсени двајца дилери на марихуана

Двајца жители на гостиварското село Добридол биле уапсени вчера вечерта откако кај нив била пронајдена марихуана.

Според полицијата, станува збор за А.Ф.(30) и Е.А.(23), двајцата од селото Добридол, кои биле уапсени вчера околу 22.40 часот, во гостиварското село Топлица.

Полицијата извршила претрес во автомобилот „бмв“ во кој се возеле и по претресот кај нив била пронајдена и одземена дрогата која е дадена за вештачење.

По расчистувањето на случајот против давјцата ќе биде поднесена кривична пријава.

Треба да знаете
Последни објави