Search

Уапсена поранешната градоначалничка на Книн, Јосипа Римац

Хрватската полиција денеска ја уапси поранешната градоначалничка на Книн, Јосипа Римац од Хрватската демократска заедница (ХДЗ), поради малверзации во Хрватски шуми.

Станува збор за изградба на ветерници во Книн, што биле планирани во периодот кога Римац била на чело на Книн.

Претходно, претседателот на Управата на Хрватски шуми, Крунослав Јакопчиќ, беше уапсен под сомнение за злоупотреба на својата должност и за трговија со влијание.

– Ова ни причини корпоративна штета, но тоа нема да влијае на нашиот бизнис, соопштија од хрватската Управа за шуми.

Десетина лица се вклучени во истрагата под сомнение дека сториле неколку кривични дела, но деталите се уште не се познати.

Треба да знаете
Последни објави