Search

ТФТ без проблеми, а Работнички на „мускули“ остнаа непоразени

ТФТ и Работнички остануваат непоразените екипи по првите три кола во новата прволигашка кошаркарска сезона на мак-сцената откако вечерва ги совладаа Куманово (85-68) односно Ангели (86-69).

Екипата од скопската населба Тафталиџе вечерва без проблеми, како гостин го растури конкурентот за висок пласман Куманово. Убедливи гостите беа во прва четвртина (35-14) во која го најавија триумфот.Најефикасни беа Хортон со 20 и Леонард со 18 поени.

Работнички победува на „мускули“. Има проблеми во дуелите со ривалите кои се далеку под нивното реноме. Вечерашниот дуел со дебитантот Ангели кој имаше двоцифрена предност по порвото полувреме (49-38) благодарение на искуството беше решен во второто полувреме. Во третата четвртина Работнички какој ј имаш учогата на домаќин во Кале, прими само четири поени и го направии пресвртот. Емерсон со 21 и Данаиловски со 18 поени беа најпрецизни кај Работнички, додека Мандерсон со 22 кај Ангели.

Гостивар беше убедлив против МЗТ Скопје Уни Банка (92-67), додека Академија ФМП како гостин го победи Кожув (76-69), во директен дуел на двете екипи кои досега немаа ниту една победа. Третата рунда завршува задутре, кога Еуро Никел го пречекува МЗТ Скопје, а Пелистер ќе му биде домаќин на Феникс.

Треба да знаете
Последни објави