Search

Тухел по дуелот со Монако: Не можам да го објаснам овој пораз

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, по синоќешниот поразот од Монако во мечот од 11. коло во Францускиот фудбалски шампионат, истакна дека нема образложение за таквиот резултат.

Тој исто така додаде дека на тимот му претстои важна средба со Лајпциг во Лигата на шампионите.

– Не можам да го објаснам овој пораз, можам само да го прифатам, – Беше многу чуден меч. Контролиравме сè, постигнувавме голови, но потоа изгубивме концентрација. Не знам зошто се случи ова, но ова е реалноста. Мора да се мобилизираме, бидејќи веќе треба да размислиме за Лајпциг. Да ја анализираме оваа игра против Монако, но во вторник имаме важен натпревар, кој ќе биде како финале, го цитира Германецот прес-службата на клубот.

ПСЖ синоќа загуби со 3:2, иако по првото полувреме водеше со 2:0.

Треба да знаете
Последни објави