Search

Тухел открива како Челзи го прегази Јувентус

Актуелниот европски фудбалски првак Челзи во дирекната пресметка со италијанскиот Јувентус за првата позиција во групата Х од елитното натпреварување Лигата на шампионите забележа убедлив триумф (4:0) во Лондон и го презеде врвот благодарение на подобрата гол разлика. Тимот на Тухел доминираше на „Стемфорд Бриџ“ и многу полесно од очекувањата дојде до трите бода од пресметката во 5. коло од групата со „старата дама“.

 Тешко е да се креираат шанси и да се постигнуваат голови, а не против Јувентус, но ние создадовме многу. Ова беше неверојатно издание и фантастичен резултат, изјави задоволниот Тухел по мечот.

Челзи на гостувањето во Торино беше минимално поразен (1:0), ја има предноста во меѓусебните пресметки со Јувентус, па последното коло ќе решава кој во нокаут-фазта ќе стартува од првата позиција. Челзи му гостува на Зенит, а Јувентус дома игра со Малме.

-Бевме поостри отколку на првата пресметка во Торино, преземавме повеќе ризици, нешто што ни недостасуваше таму. Но, само со контрола на играта не можеш да го загрозиш Јувентус, треба да се освојува просторот и со трчања без топка. Бевме многу добри во тоа и постигнавме убави головиСвесен сум дека направивме многу добра работа на теренот која и не може да се види, а и се браневме навистина одлично, додава Тухел.

Загриженест по големата победа кај Челзи донесоа повредите на Канте и Чилвел кои предвреме го нашпуштија теренот.

-Чилвел почувствува остра болка во коленото. Нголо го превитка коленото малку. Ќе видиме за што се работи по тестовите. Тие се многу тажни.

 

Треба да знаете
Последни објави