Search

Тухел е незадоволен од одбивањето ПСЖ да ги ангажира Суарез и Рудигер

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел е незадоволен од работата на спортскиот директор на Леонардо, пренесува „ЕСПН”.

Германскиот фудбалски стручњак сакаше да ги донесе во летниот преоден рок напаѓачот Луис Суарез, кој заврши во Атлетико Мадрид и дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер.

Леонардо стави вето на двата трансфери. Тухел смета дека функционерот не работел доволно за да го засили тимот пред Лигата на шампионите.

ПСЖ се наоѓа на 2. место по седум кола од Лига 1 и загуби во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед (1:2).

Треба да знаете
Последни објави