Search

Туск: Се молам да победи Бајден, зошто многу добро го познавам Трамп

Поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека би сакал следниот претседател на САД да биде Џо Бајден.

Тој вели дека една од причините поради која ќе ги поддржи демократите на ноемвриските избори, е актуелниот претседател Доналд Трамп.

Тој на својот Твитер напиша дека секогаш верувал во републиканските идеали и величината на Америка, а дека сега се моли за успех на Џо Бајден и дека Роналд Реган е неговиот херој.

„Уште една причина зошто ги поддржувам демократите е тоа што го запознав Трамп многу добро“ напиша Трамп.

Туск, кој минатата година стана претседател на Европската народна партија, има историја на неесогласувања со Трамп, а позната е и неговата изјава од минатиот септември во ОН, кога тој рече, алудирајќи на американскиот претседател, дека „ не е доволно да се обвинат другите дека промовираат лажни зборови, туку едноставно би било доволно да престанете да лажете“пренесе бриселски „Политико“.

По неколку недели, на самитот на НАТО во Лондон, Туск објави фотографија како држи два прста кон грбот на Трамп, со опис: „ И покрај сезонските турбуленции, нашето прекуокеанско пријателство мора да трае“.

Треба да знаете
Последни објави