Search

Туск: Се е можно до новиот рок за брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека се е можно до новиот рок за брегзит, одреден за 12 април, ако британските пратеници идната недела не го одобрат договорот за излегување на Велика Британија од Унијата.

„До 12 април се е можно: договор, подолго одложување, ако Обединетото Кралство одлучи да ја преиспита својата стратегија или поништување на челнот 50, што значи откажување од брегзит“ рекол Туск, на прес-конференцијата во Брисел, по состанокот на европските лидери.

Претседателот на Европскиот совет, порача дека се подготвени на најлошото, но се надеваат на најдоборото.
Германската канцеларка, Ангела Меркел истакнатала дека пред тој датум, врвот на ЕУ ќе се сретне со британската премиерка Тереза Меј, најавувајќи нов самит.

„Треба да се види какви се резултатите од гласањето, зошто има многу можности за кои британскиот парламент се уште може да гласа“ додала Меркел, потенцирајќи дека се е во рацете на британскиот парламент.

Треба да знаете
Последни објави