Search

Туск побара пауза за да се убеди Макрон

По опсежната дискусија меѓу лидерите за аспирациите на С.Македонија и Албанија да се придружат на ЕУ, петседателот на Советот Доналд Туск побара пауза, надевајќи се на договор за надминување на француското опирање на почетокот на преговори за двете балкански држави.

Непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите, кое ќе биде една од точките на Самитот, јавува дописникот на МИА.

Макрон во врска со прашањето за давањето датум за почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија, е единствениот кој засега најавува блокада. Тој во околу петминутното обраќање пред новинарите, не кажа ништо по ова прашање, но затоа се задржа подолго на постигнатиот договор за Брегзит.

Треба да знаете
Последни објави