Search

Туск: За неколку часа ќе се знае кога ќе се случи брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека за седум или осум часа би требало да биде познато кога ќе се случи излезот на Велика Британија од ЕУ.

„Теоретски за седум до осум часа би требало сè да биде јасно“, истакна Туск.

Тоа ќе им овозможи на лидерите на ЕУ да ги разгледаат предлозите за евентуален договор на дводневниот самит, кој почнува в четврток во Брисел.

Британскиот премиер Борис Џонсон и натаму верува дека Британија ќе излезе од Унијата на 31 октомври, што е последниот утврден рок.

Треба да знаете
Последни објави