Search

Турчин со мобилен телефон украл 11.000 евра од сонародник во Битола

Секторот за односи со јавност при СВР-Битола информира дека во текот на вчерашниот ден, Х.Д. од Република Турција, со привремено живеалиште во Битола пријавил дека на 23.септември лицето Н.О., исто така, турски државјанин со привремен престој во Битола ја искористил неговата невнимателност и од неговиот мобилен телефон електронски од негова сметка префрлил 11.000 евра на своја сметка.

За неовластено навлегување во компјутерски систем бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави