Search

Турчинка го урна рекордот во јадење шиш-ќебап

Турчинка на натпревар во Анталија изеде 315 шиш-ќебапи и постави нов рекорд, надминувајќи го претходниот шампион Осман Акшол, и неговото 301 ќебапче.

Турчинка на натпревар во Анталија изеде 315 шиш-ќебапи и постави нов рекорд, надминувајќи го претходниот шампион Осман Акшол, и неговото 301 ќебапче.

„Ситничката“ Џерен Јилмаз, која пред натпреварот тежеше скромни 46 килограми, за 50 минути изеде 315 шиш-ќебапи, чинија салата и порција лаваш леб, и испи две чаши Ајран. По натпреварот нејзината маса изнесуваше 49 килограми.

Наградите за победничката се 5.000 турски лири (околу 816 евра),  мотор и бесплатни оброци во ресторанот за половина година.

Последнава награда Јилмаз ја отстапи на семејствата на загинатите за татковината и на ветераните.

 

Треба да знаете
Последни објави