Search

Турција ќе почне сопствена програма за обука на астронаути

Турција ќе ја освојува вселената

Турција планира да почне сопствена програма за обука на астронаути, која ќе стартува веднаш откако земјата ќе ја комплетира изградбата на националната вселенска агенција во 2023 година, соопшти извор од турската Влада.

Според истиот извор, создавањето на вселенската агенција е „еден од важните приоритети на Владата“ во Анкара.

Анкара планира да потроши шест милијарди долари за овој проект, за кој законодавната основа беше подготвена во есента 2016 година.

Турските власти истакнуваат дека ова е еден од најголемите и најамбициозните проекти во модерна Турција.
Треба да знаете
Последни објави