Search

Турција ќе произведува делови за Ф-35 до крајот на 2022 година

САД до 2022 година ќе зависат од турското производство на делови за авионите ловци Ф-35, објави Блумберг.

Иако на Турција и е забрането да купува авиони Ф-35 по одлуката на Анкара да го купи рускиот противракетен систем С-400, портпаролот на Пентагон, Мајк Ендрјус истакна дека на крајот на минатата година донесена е одлука за „зачувување на постоечките договори со Турција за достава на делови”.

Тој истакна дека таквата одлука е донесена со цел „да се избегне скапото раскинување на договорите”.

Турција е светски лидер во авијациското и вселенското производство. Десет турски компании произведуваат делови за Ф-35 во вредност од околу 12 милијарди долари. Турските компании произведуваат 817 од приближно 24.000 авионски делови и 188 од околу 3.000 делови на моторот.

Поради набавката на рускиот систем С-400, Вашингтон ја отстрани Турција од програмата за авиони ловци од петтата генерација на Ф-35. САД тврдат дека системот може да биде искористен од Русија за прибирање на класифицирани информации. Анкара тврди дека С-400 нема да биде интегриран во системите на НАТО и затоа не претсатвува закана за безбедноста на Алијансата.

Треба да знаете
Последни објави