Search

Турција ќе испрати војска ако Азербејџан го побара тоа

Анкара нема да се двоуми да испрати војска и да му обезбеди воена поддршка на Азербејџан, ако Баку го побара тоа, изјави денеска турскиот потпретседател Фуат Октај.

Сепак, Октај истакна дека во моментот нема такво барање, пренесува „Ројтерс“.

Тој, исто така, ја критикуваше Минската група на ОБСЕ во интервју за „Си-ен-ен Турк“, тврдејќи дека се обидува да го задржи проблемот нерешен и да ја поддржи Ерменија, како од политички, така и од економски аспект.

Со Минската група на ОБСЕ претседаваат Франција, Русија и Соединетите држави и таа е формирана да посредува во овој конфликт.

Ерменскиот премиер претходно рече дека не гледа можност за постигнување дипломатско решение во оваа фаза на конфликтот со Азербејџан околу Нагорно-Карабах.

Треба да знаете
Последни објави