Search

Турција ќе изврши претрес на саудискиот Конзулат во Истанбул

Турција ќе изврши претрес на саудискиот Конзулат во Истанбул

Турција ќе изврши попладнето претрес во саудискиот Конзулат во Истанбул во обид да пронајде докази за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги, изјави дипломатски извор за турски медиуми.

Кашоги, кој ја критикуваше политиката на Ријад, исчезна пред речиси две недели откако влезе во саудискиот Конзулат во Истанбул. Турција верува дека бил убиен и неговото тело отстрането, додека Саудиска Арабија ги негира обвинувањата./MИА

Треба да знаете
Последни објави