Search

Турција ја затвори границата со Иран поради коронавирусот

Турција ја затвори границата со Иран како мерка против ширење на коронавирусот, пишува весникот „Дејли Сабах”.

Во Иран се регистрирани 43 заразени случаи, од кои досега починале осум лица.

Граничните премини Капикеи и Есендере на турско-иранската граница се затворени од денеска.

Тоа ќе ги смени плановите на голем број туристи, кои доаѓаат од Иран во Турција во пресрет на празникот Навруз.

Иранските власти веќе донесоа одлука да ги затворат сите образовни институции во неколку провинции во земјата, сите културни настани се откажани, а повече спортски натпревари ќе се одиграат без публика.

Треба да знаете
Последни објави