Search

Турција шест дена по ред со рекорден број на заболени од Ковид-19

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Турција го достигна црниот рекорд шести ден по ред со 182 смртни случаи во изминатите 24 часа, соопшти турското Министерство за здравство.

Во Турција беше постигнат црн рекорд и во бројот на новоинфицирани со Ковид-19 во изминатите 24 часа, што изнесува 30.103, објави Ројтерс.

Вкупниот број на смртни случаи во Турција од коронавирус е 13.373, додека вкупниот број на заразени е 578.347, според веб-страницата на Worldometers.

Треба да знаете
Последни објави