Search

Турција уапси припадничка на ДАЕШ барана со црвена потерница од Франција

Полициските екипи во турската област Адана уапсиле припадничка на терористичката организација ДАЕШ за која Франција распишала црвена потерница, пренесува „Спутник“ повикувајќи се на турските медиуми.

Според добиените информации, екипите од полициската дирекција во Анкара откриле дека во градот е дојдена 30-годишната припадничка на терористичката организација ДЕАШ, Сумаја Раиши, која се бара со црвена потерница од страна на француските власти.

Полициските екипи во населбата Намик Кемал во подрачјето на Сејхан на 14. октомври ја привеле припадничката на оваа терористичка организација, со потекло од Тунис, а со фалсификувани сириски лични документи.

Раиши, која е опишана како опасна од страна на француските власти, е пренесена во полициската дирекција и два часа била сослушувана од турските безбедносни служби.

Според медиумите, Раиши, по која Франција трага четири години со црвена потерница од Интерпол за сторени „опасни дејствија“, ги негирала обвиненијата против неа. Таа тврди дека ја напуштила Франција и отишла во Сирија во обид да избега од насилниот сопруг.

Раиши, наводно, успешно стигнала до Сирија пред околу четири години и таму се омажила со припадник на ДАЕШ  – релативно вообичаена практика на терористичката организација во тоа време во однос на новодојдените жени.

Нејзиниот прв сопруг, Ричард Раиши, беше уапсен во јужната турска провинција Газиантеп во 2016 година и беше протеран, објави „Дејли Сабах“. И деверот на Раиши, наводно, е член на глобалната терористичка организација.

Во времето кога Раиши се приклучила на ДАЕШ, организацијата контролирала значителни територии во Сирија и Ирак, но оттогаш ги изгуби сите територии како резултат на заедничките операции на сириските и руските вооружени сили, напорите на турската војска и нападите на Коалицијата предводена од САД и нејзините сојузници меѓу локалната милиција.

Терористичката организација го изгуби својот последен бедем во Сирија во пролетта 2019 година, но, според САД, сè уште има некои притаени ќелии во регионот.

Треба да знаете
Последни објави