Search

Турција: Уапсени членови на ИСИС кои подготвувале напад

Турската полиција уапси тројца екстремисти на т.н. Исламска држава, кои наводно планирале „сензационален“ напад по убиството на лидерот на терористичката организација Абу Бакр ал-Багдади, соопшти денеска турската државна новинска агенција „Анадолу“.

Агенцијата известува дека осомничени лица, чии имиња не се наведени, биле уапсени во симултани рации во Истанбул. Тие, наводно, го планирале нападот за време на денешното одбележување на 96-годишнината од сновањето на турската република, пренесува АП. Турција ја крена безбедноста по убиството на ал-Багдади во американската операција во Сирија во текот на викендот.

Полицијата вчера уапси 20 странски државјани во Анкара, осомничени дека се поврзани со Исламската држава.

Треба да знаете
Последни објави