Search

Турција сака и С-400 и ракетен систем „Патриот”

Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин денеска изјави дека евентуалната набавка на американскиот ракетен систем „Патриот“ нема да влијае на договорот за купување на рускиот ракетен систем С-400.

„Договорот за С-400 е конечен, првата испорака се очекува во октомври 2019 година”, изјави Калин за новинарите.

Тој исто така истакна дека Турција не ја смета за алтернатива понудата за „Патриот”, туку дека за земјата е прифатливо да ги има и едниот и другиот одбранбен систем, пренесува ТАСС.

Треба да знаете
Последни објави