Search

Турција: Русија и Иран мора да продолжат да ги спречуваат нападите врз Идлиб

Спречувањето на нападите на режимот во Сирија е во рацете на Русија и Иран, кои се земји-гаранти за мирот, изјави министерот за надворешни работи на Република Турција, само неколку часа откако режимот предводен од Башар ал Асад ја нападна турската опсерваторија во северозападна Сирија.

Во неделата, вооружени сили на режимот на Асад ја нападнаа опсерваторијата на Турција во Идлиб по што Турција го возврати нападот, соопшти министерот за одбрана на Р. Турција.

„Турција нема да го толерира сирискиот режим и злоупотребата на своите војници“, изјави Мевлут Чавушоглу за време на инаугурацијата на кабинетот на Министерството за надворешни работи во јужната провинција Хатај, на границата со Сирија.

Чавушоглу посочи дека Турција ќе му покаже на Асад „каде му е местото“.

И покрај тоа што Турција и Русија се согласни дека тие ќе го спречат насилството, сириските вооружени сили постојано го прекршуваат примирјето и извршуваат напади во Идлиб.

Војната во Сирија започна во 2011 година откако Асад презеде остри мерки против про-демократските протести во земјата.

Оттогаш, стотици илјади лица загинаа, а повеќе од 10 милиони имаат статус на бегалци, велат од Обединетите нации.

Треба да знаете
Последни објави