Search

Турција очекува авио-сообраќајот да се нормализира до крајот на јуни

Турскиот министер за туризам Мехмет Нури Ерсој денеска изјави дека очекува авио-сообраќајот да се нормализира до крајот на јуни, бидејќи сега авио-компаниите ги откажаа повеќето летови заради пандемијата од коронавирусот.

Ерсој за телевизијата Сои-Ен-Ен Турк кажа дека прво ќе заживее воздушниот сообраќај од Азија. Потоа, како што кажа, ќе следат летови од Русија, балканските земји и Европа. Домашниот воздушен сообраќај, исто така, треба да се обнови, додаде тој, пренесен од британските медиуми.

Компанијата „Туркиш Ерлајнс” ја продолжи одлуката за откажување на сите летови до 1 мај, освен на неколку локални релации, а компанијата „Пегасус Ерлајнс” ги има откажани сите летови.

Треба да знаете
Последни објави