Search

Турција нема да се откаже од операцијата во Сирија заради американските санкции

Ништо не може да ја натера Турција да се откаже од воената операција во Сирија, па дури и воведените американски санкции, изјави претседателот на турскиот Парламент, Мустафа Шентоп, цитиран од Тасс.

-Турција во никој случај  нема да дозволи создавање на коридор за терористичките групи директно на нејзината граница, изјави Шентоп на новинарско прашање. Според него, американските санкции против Турција заради нејзината воена операција во Сирија не биле неочакувани за неговата земја.

-Во тоа нема ништо неочекувано, затоа што веќе беше разгледувано во САД. Тие си мислат дека можат да управуваат со меѓународната политика преку санкции, но не се во право. Санкциите не се патот за постигнување на резултати во меѓународната политика, зборувајќи според светските искуства, изјави уште претседателот на турскиот Парламент, додавајќи дека санкциите всушност ги засилуваат земјите врз кои се наметнати и „Турција нема да е исклучокот”.

Треба да знаете
Последни објави