Search

Турција на 10 години затвор осуди судија кој е добитник на награда за човекови права

Турскиот суд го осуди судијата Мурат Арслан, кој има добиено награда за заштита на човековите права, на 10 години затвор поради врски со мрежа која го организираше обидот за државен удар во 2016 година, објави агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на турската државна агенција „Анадолија“.

Арслан, кој во притвор е 22 месеци, осуден е за членство во вооружена терористичка организација откако обвинителите гo обвинија за користење на шифрираната апликација за резмена на пораки „Бајлок“, наведува „Анадолија“.

Тој ги негираше обвиненијата и рече дека сите докази оти ја употребувал апликацијата се фиктивни.

Турската влада вели дека забраната апликација ја користеле приврзаниците на муслиманскиот свештеник Фејтула Ѓулен, за кого Анкара смета дека е организатор на обидот за државен удар во Турција од јули 2016 година.

По неуспешниот обид за пуч, турските власти уапсија околу 77.000 луѓе и отпуштија или суспендираа повеќе од 150.000 вработени во државните институции.

Треба да знаете
Последни објави