Search

Турција купува дополнителни ракетни системи од Русија

Администрацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека датумот на купување дополнителни ракетни системи С-400 од Русија е само техничка работа.

Русија се надева дека ќе склучи договор со Турција за купување нови системи С-400 во првата половина на следната година, пренесува „Ројтерс“.

Ова би можело дополнително да ги влоши односите меѓу Турција и САД, што ја суспендираше Анкара од програмата за купување борбени авиони Ф-35 со цел да се казни за купувањето ракетни системи од Русија.

Треба да знаете
Последни објави