Search

Турција испраќа медицинска помош за справување со коронавирусот

Турција денеска ќе и достави на Северна Македонија помош во медицински материјали за справување со коронавирусот.

Помошта ќе биде транспортирана со авион на турската армија што треба да слета на Маѓународниот аеродром – Скопје попладне во 14:25 часот, информира Амбасадата на Турција во Скопје.

Мадицинските материјали на македонските власти ќе им ги предаде турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок.

Помошта од Турција, согласно договорот за донација меѓу двете земји, се состои од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1000 заштитни скафандери, 1000 дијагностички тестови и друг медицински материјал.

Треба да знаете
Последни објави