Search

Турција издаде „црвена потерница” за кошаркарот Енес Кантер

Турското обвинителство започна процедура за да го стават кошаркарот на „Њујорк Никс“, Енес Кантер на „црвена потерница” на Интерпол. Турција бара екстрадиција на Кантер поради наводните врски со неуспешниот воен удар во 2016 година, за кој е обвинет имамот Фетулах Ѓулен, со кого Кантер, според властите во земјата, е многу близок.

Кантер со години јавно го критикува турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кого го нарече „Хитлер на 21-от век”, и затоа не смее да се врати во својата татковина.

Покрај тоа, Кантер беше уапсен во Романија пред неколку години поради потерница, распишана од страна на Турција, но тој беше спасен од американскиот пасош, кој го поседува.

Меѓутоа, ако се најде на „црвената потерница” а Интерпол, полицијата на земјата-членка на оваа организација, вклучувајќи ги и САД, мора да реагираат, да го уапсат и да го предадат на земјата што го издала налогот.

Кантер неодамна не патуваше со „Никс“ на НБА натпреварот во Лондон, бидејќи се плашел дека турските шпиони може да го убијат.

Треба да знаете
Последни објави