Search

Турција зазеде уште две села во Сирија

Во рамки на операцијата „Извор на мирот”, Турција зазеде уште две курдски села во североисточниот дел на Сирија, јави Анадолија. Турската војска, заедно со сириски борци, ги зазедоа селата Тал Хафер и Асфар Неџар. Во последните два дена Турција зазеде 13 села во северна Сирија.

Турција соопшти дека планира да продре во Сирија 30 километри од границата за да ги сузбие курдските сили и да постави т.н. „зона на безбедност”. Во офанзивата Турција користи бомбардирање и копнени сили.

Треба да знаете
Последни објави