Search

Турција го обвини Макрон дека спонзорира тероризам

Турските власти го обвинија францускиот претседател дека „спонзорира тероризам“, како одговор на критиките на Емануел Макрон на воената операција спроведена од страна на Турција во Сирија.

Турција започна офанзива во октомври против курдските сили во Сирија, кои ги смета за терористи, но Курдите ги поддржуваат западните земји бидејќи се борат против џихадистите на Исламска држава. Макрон, кој претходно ја критикуваше Турција за офанзивата, рече дека Анкара ги ставила своите сојузници „пред свршен чин“ и дека го загрозува делувањето на меѓународната воена коалиција која се бори против Исламската држава.
Изјавата на Макрон предизвика незадоволството во Турција, која редовно ја обвинува Франција дека сака да воспостави курдска држава во Сирија.

„Макрон е секако спонзор на терористичката организација, чии членови редовно ги прима во Елисејската палата“, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Анкара ја прекина својата офанзива против Курдите по договорите кои што ги постигна одделно со Вашингтон и Москва, а кои предвидуваат повлекување на курдските сили од пограничната зона во северна Сирија.

Треба да знаете
Последни објави