Search

Турција ги обвини Курдите дека ослободиле над 800 терористи

Турција ги обвини курдските единици за ослободување на повеќе од 800 милитанти од терористичката „Исламска држава” во Сирија.
„Турција е единствен партнер на НАТО и меѓународната коалиција во борбата против „Исламската држава” и неутрализираше повеќе од 4.000 припадници на таа терористичка организација во Ирак и Сирија. Од друга страна, Курдската работничка партија и Силите за заштита на народот ослободија повеќе од 800 затвореници само во Тел Абиџад”, се вели во соопштението на турското Министерство за национална одбрана.
Од почетокот на воената операција во североисточна Сирија, Анкара ги обвинува курдските сили за ослободување на милитантите од локалните затвори.
Курдите велат дека екстремистите успеваат да избегаат за време на нападите на турската армија, бидејќи тогаш има гранатирање и оштетување на затворските објекти.
Според неодамнешните проценки, околу 11.000 милитанти се приведени во областа, вклучително и околу 9,000 Сиријци и Ирачани, како и 2.000 лица од околу 50 други земји.

Треба да знаете
Последни објави