Search

Турција ги зголеми безбедносните мерки во Руската амбасада по заканите

Турските власти ја зголемија безбедноста во Руската амбасада во Анкара по заканите упатени до амбасадорот Алексеј Јерхов заради ескалацијата на тензиите во сириски Идлиб, соопшти за агенцијата ТАСС портпаролот на руската дипломатска мисија во Турција, Ирина Касимова.

„Да, вистина е, тензиите ескалираа неодамна. Поради ова побаравме од турските власти да применат дополнителни безбедносни мерки“, рече таа.

Според Касимова, рускиот амбасадор прима пораки кои го предупредуваат да не излегува на улиците на Анкара.

„Ние разбираме дека луѓето што го пишуваат ова е малку веројатно да излезат и да убиваат, ова е начин да го изразат својот гнев. Сепак, треба да ги земеме предвид заканите”, истакна таа.

И покрај смирувачките тонови на Касимова, повеќе од очигледно е дека амбасадата има причина за загриженост ако се земе предвид дека во декември 2016 година, турскиот полицаец Мевлут Мерт Алтинташ го уби рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов, а во нападот беа ранети уште три лица.

Истрагата покажа дека Алтинташ претходно бил во обезбедувањето на амбасадата поради протестите што тогаш избија како резултат на руската вклученост во конфликтот во Сирија и ситуацијата во сирискиот град Алепо.

Руското Министерство за надворешни работи тогаш соопшти дека го смета нападот за терористички акт.

Треба да знаете
Последни објави